Екипата на Силекс официјално го промовираше и напаѓачот од Гамбија, Усман Маронг како свое ново засилување за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
24-годишниот Маронг во Силекс доаѓа од редовите на Воска Спорт каде настапуваше изминатава есен, а претходно играше и за АП Брера Струмица во периодот кога тренер на клубот беше токму новиот тренер на Силекс, Александар Васоски.
Маронг претходно во својата кариера има настапувано и за белградска Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА