Силекс и Работнички во „жестока битка“ за бодови, струмичкото дерби на „Кукуш“

Силекс и Работнички во нова „жестока битка“ за бодови денеска од 16 часот во 29. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Романтичарите“ ги очекува и трето последовно гостување, откако нанижаа две победи против Шкупи на Чаир и против Ренова во Тетово. Сега бодовите се повеќе од неопходни во трката за европски излез.

„Атмосферата е многу подобра, сите сакаме победничката низа да продолжи и во Кратово. По добрите настапи против Шкупи и против Ренова, го знаеме рецептот за успех. Ќе се потрудиме да го повториме и во Кратово. Нема да биде лесно, Силекс е квалитетен тим, а потребни му се бодови затоа што се наоѓа во опасната зона на табелата. Но, и ние сакаме три бода и се надеваме дека можеме да оствариме излез на европска сцена“ – вели дефанзивецот Владимир Димитровски.

Но, бодовите се неопходни и за Силекс во желбата за опстанок во прволигашкото друштво. По претходно пораз, кратовци дефинитивно посакуваат триумф на домашен терен против Работнички.

Струмичката дерби пресметка меѓу Академија Пандев и Беласица, пак, се игра во Турново. „Пандевци“ се на добар пат да обезбедат, за првпат во својата историја, европско место за следната сезона додека за Беласица ова е последна шанса да се избори за можност за опстанок.

ПМФЛ  – 29. КОЛО (денеска, 16 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Скопје: ВАРДАР – РЕНОВА

Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ

Кочани: ПОБЕДА – ШКУПИ

Турново: АК. ПАНДЕВ – БЕЛАСИЦА

Се вчитува...