Силекс и Шкупи – веднаш со прв тест на сопствените европски амбиции

По вчерашниот старт на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, денеска и последните три натпревари од првото коло. Во фокусот некако се издвојува пресметката во Кратово меѓу Силекс и Шкупи, два тима со сериозни играчки промени во однос на минатата сезона но со старите амбиции за европски излез.

Составот на Силекс, предводен од Жикица Тасевски е комплетно нов, сега во очекување на првиот тест за вистинските капацитети. Шкупи е повеќе од соодветен противник за такво нешто…

„Со нетрпение го очекувам натпреварот против мојот поранешен клуб. Постои огроммен мотив кај мене. Посакувам секако и гол, но тоа е најмалку важно. На стартот од новата сезона со Силекс ја посакувам победата. Тоа е најважно од денешниот натпревар со Шкупи“ – вели довчерашниот фудбалер на Шкупи, Французинот Мбела, кој од оваа сезона е во редовите на Силекс.

Но, оптимистичко расположение владее и во редовите на чаирскиот прволигаш од каде веруваат дека може да се вратат непоразени од Кратово иако е сосема јасно дека силно ќе атакуваат и на првата победа во новата сезона.

ПМФЛ – 1. коло (денеска, 17 ч.)

Битола: ПОБЕДА – БЕЛАСИЦА

Турново: АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ

ВЧЕРА

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 2-2

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 3-4

Се вчитува...