Силекс ја совлада Хата на пријателскиот меч во Кратово

Македонскиот прволигаш Силекс ја совлада Хата, тимот од Дубаи што го предводи Ѓоко Хаџиевски, со 1-0 на пријателскиот меч што се одигра во Кратово. И покрај жешкото време, двата тима покажаа солидна игра, а стрелец на победничкиот гол беше Филип Тимов, кој со удар со глава го матира противничкиот голман.

Хата на 5 август ќе одигра пријателски натпревар и со Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а ќе спарингува и со Пелистер. Овој клуб подготовките за новата сезона одлучи да ги реализира во Македонија.

Фото и видео: www.aberdzija.com

Се вчитува...