Силекс ја заврши серијата без победа: Убедлив триумф со Башкими

Фудбалерите на Силекс ја завршија серијата без победа од шест натпревари, убедливо триумфирајќи со 0-3 на гостувањето против Башкими во Куманово во 10. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Кратовци дојдоа до водство уште во 13.минута со голот на Шеро, што беше резултат за полувремето и покрај уште неколку можности кои ги имаа Хасукиќ и Манојлов.

Во второто полувреме Ефтимов постигна убав гол за водство и од 0-2, а Мишов во втората минута од судиското продолжение ги постави конечните 0-3.

Се вчитува...