Силекс ќе гостува на Легија Варшава ако ја мине Дрита

Кратовски Силекс во 3. квалификациско коло за Лигата на Европа ќе игра против полскиот шампион Легија Варшава доколку во втората квалификациска рунда претходно ја мине косовска Дрита од Гњилане.

Денешната ждрепка во Нион одлучи на 24. септември Силекс да гостува во Варшава во 3. коло. Претходно, на 17. септември во Скопје во второто коло ќе треба да ја елиминира Дрита.

Се вчитува...