Силекс надмоќен против Академија Пандев

Фудбалерите на Силекс го декласираа новиот прволигаш Академија Пандев со 4-0 во пријателски натпревар како дел од подготовките за новата сезона. Ако се суди според овој меч, тимот на Жикица Тасевски влегува во посакуваната форма пред стартот на новиот шампионат, додека Академија Пандев ќе има две седмици да се подобри за настап во елитата.

Силекс поведе со голот на српскиот интернационалец Милош Ѓорѓевиќ, кој треба да биде ново засилување на кратовскиот прволигаш, а пред крајот на првиот дел Бобан Георгиев зголеми на 2-0. Во вториот дел, Антонио Бујчевски покажа дека ќе биде големо засилување за Силекс, откако двапати ја погоди мрежата на Академија Пандев.

Се вчитува...