Силекс нема сили ниту за Дрита… (ВИДЕО)

Фудбалерите на Силекс го завршија својот настап на европската сцена ова лето, по поразот од косовска Дрита од 0-2 на арената „Тодор Проески“ во Скопје во 2. квалификациско коло од Лига Европа.

Кратовци не успеаја ниту да постигнат погодок во двата европски натпревари летово, дозволувајќи Дрита, иако не демонстрираше поголем квалитет од Силекс на дуелот во Скопје, да дојде до триумф од 0-2. Но, со само една шанса во текот на 90 минути и не можеше македонските фудбалери да очекуваат нешто повеќе.

По крајно израмнетото прво полувреме без посериозни можности на двете страни, гостите до предност дојдоа со голот од пенал на Гербеши во 48. минута од средбата.

Откако македонскиот состав остана и со играч помалку по исклучувањето на Грозданоски во 78. минута, противниците веќе во 80. минута заокружија на 0-2 со погодокот на Лимани.

Во 3. коло од квалификациите за Лига Европа, Дрита ќе се соочи со Легија Варшава.

Се вчитува...