На Силекс не му тргна најдобро оваа сезона, по осум кола се наоѓа на претпоследната позиција, а тоа придонесе тренерот Жикица Тасевски да си поднесе неотповиклива оставка. По денешното реми (1-1) со Македонија ЃП во Кратово, тој се повлече од кормилото.
„Давам неотповиклива оставка на местото шеф на стручен штаб во фудбалскиот клуб Силекс. Сакам да се заблагодарам на семејството Иванов и целото клупско раководство. Силекс е клуб кој секогаш има високи амбиции, а после одиграните осум кола резултатите не содејствуваат со клупските и моите лични амбиции како тренер, за што јас чувствувам лична одговорност. На Силекс му посакувам среќа и спортски резултати во иднина. Благодарам Кратово, благодарам ФК Силекс“, изјави Жикица Тасевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА