Силекс отпатува за Баку на мегдан со Карабах во ЛШ

Македонскиот претставник во квалификациите за Лигата на шампионите, тимот на Карабах, утрово отпатува за Азарбејџан, каде утре го очекува мечот против Карабах во првото елиминациско коло во најквалитетното европско клупско натпреварување. Кратовци околу пладне треба да пристигнат во Азербејџан, а вечерва во терминот на одигрување на утрешниот меч (18 часот по македонско време) ќе го одржат и официјалниот тренинг на стадионот „Тофик Бахрамов“.

Домашниот тим Карабах важи за фаворит против Силекс, кој по цели 22 години повторно ќе игра во квалификациите за ЛШ, шанса што му се отвори откако Вардар не доби европска лиценца за настап на меѓународна сцена поради непочитување на финансискиот фер-плеј. Карабах е тим кој секоја сезона редовно игра во европските купови, а Силекс добро ја стартуваше новата сезона во Првата фудбалска лига на Македонија и со четири бода по две кола се наоѓа на првата позиција на табелата.

Силекс во првото коло славеше на гости со 0-6 против Беласица во Струмица, а во петокот ремизираше 2-2 против Пелистер во Кратово.

Се вчитува...