Силекс подобар од Гостивар во пријателски дуел

Македонскиот прволигаш Силекс го доби Гостивар со 2-0 во пријателски натпревар, како дел од летните подготовки во пресрет на новата сезона. Кратовци беа подобар ривал во текот на целиот меч и заслужено славеа со двата гола на новото засилување Дарио Десниќ.

Силекс дојде до триумф во второто полувреме од оваа тест – средба. Десниќ го отвори резултатот во 70.минута, а истиот фудбалер стрелаше повторно во 82.минута од дуелот.

Се вчитува...