Македонскиот прволигаш Силекс го доби пријателскиот натпревар против Кораб со 2-1. Дуелот се одигра во Дебар, а тимот на Жикица Тасевски славеше со пресврт.
Кораб прв дојде во водство уште на самиот старт на натпреварот, а Силекс израмни во 30.минута со автогол.
Гроздановски го донесе кратовскиот тим во водство во 68.минута, што на крајот се покажа и како конечен епилог.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА