Силекс подобар од Осогово на тестот во Кратово

Кратовски Силекс, во очекување на новиот првенствен дуел со Работнички во Скопје, славеше минимално со 3-2 (2-1) на пријателскиот натпревар против Осогово. Мечот иако требаше да се игра на Градскиот стадион во Кратово, сепак поради големо невреме и обилни врнежи од дожд, се одигра на теренот со вештачка трева.

Коцевски во 9. минута донесе водство од слободен удар за гостите, а Силекс во продолжение од пенал израмни. Пред полувремето кратовци стигнаа и до целосен пресврт. Во вториот дел Силекс поведе и со 3-1, а во 70. минута следеа конечните 3-2 со голот на Митревски.

Својот натпревар од 2. коло во ПМФЛ Силекс го игра во сабота (18. август) против Работнички со почеток од 20 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Се вчитува...