Силекс поразен од Кубан Краснодар (0-1)

По ремито со белградска Црвена Звезда, кратовски Силекс загуби на претпоследниот свој натпревар за време на подготовките во Анталија од рускиот прволигаш Кубан Краснодар со 0-1 (0-0).

Единствениот гол за Русите беше дело на Олег Алејник во 62. минута од средбата.

Претходно, во редовите на Силекс во 45. минута беше исклучен Антонио Бујчевски по ударот со лакт на Каисаров.

Силекс на денешниот дуел против Русите настапи во следниот состав: Митровиќ, Благојевиќ, Гуцев, Стојчевски, Георгиев, Николовски, Глигоров, Маркос, Пановски, Танушев и Бујчевски. Во второто полувреме играа уште и Алексовски, Филиповиќ, Филиповски, Тимов, Тимовски и Ѓорѓевиќ.

Се вчитува...