Силекс потпиша двегодишен договор со Србинот Милосављевиќ

Кратовски Силекс го засили средниот ред за следната сезона и со српскиот интернационалец Стефан Милосављевиќ.

25-годишниот Милосављевиќ потпиша двегодишен договор со Силекс, а доаѓа од српскиот прволигаш Младост Лучани. Претходно во својата кариера има настапи и за Слога Краљево.

Милосављевиќ е деветто ново име ова лето во составот на Жикица Тасевски. Претходно, како засилување за дефанзивата се договорени Христијан Гроздановски од Гостивар, како и Филип Миленковски и Стефан Коцев. Нови имиња се и Србите Срѓан Драшковиќ и голманот Спасоје Стефановиќ, францускиот интернационалец Емануел Мбела, Петар Љамчевски од Пелистер и офанзивецот Дарио Десниќ.

Се вчитува...