Силекс потпиша со Камерунец, поранешен фудбалер на Џенова

Бројните засилувања за новата сезона, кратовски Силекс ги дополнува и со Камерунецот Луис Есенгве Парфаит со кого е потпишан договор за следната сезона.

27-годишниот Парфаит е фудбалер за врска кој во својата кариера главно досега настапуваше во италијанските Серија А и Серија Б.

Во периодот од 2009 до 2012 година, Парфаит беше дел од Џенова но главно ги мина на позајмици во Пјаченца, Асколи и Кротоне. Од 2012 до 2015 година беше член на Кротоне, а последен клуб за кој настапувал е швајцарскиот Киасо.

Се вчитува...