Силекс потврди две нови засилувања

Екипата на Силекс денеска претстави две нови засилувања, потпишувајќи договори со Нихад Шеро и со Есмир Хусакиќ, странски фудбалери кои би требале да бидат од значајни адут на Александар Васоски во новата натпреврувачка сезона.

Шеро е офанзивен фудбалер кој ќе треба да ја засили навалната линија на кратовци, тој пристигнува од босанскиот претставник Челик, а претходно ги има брането боите на уште неколку тимови од БиХ.

Хусакиќ е корпулентен напаѓач висок 183 сантиметри кој исто така доаѓа од шампионатот на БиХ каде ги бранеше боите на ГОШК Гобела.

Силекс за прв противник во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА ќе го има тимот на Динамо Минкс од Белорусија.

Се вчитува...