Интернационалците од БиХ Есмир Хасукиќ и Нихад Шеро, потпишаа за кратовски Силекс.
Хасукиќ (24) кој игра во нападот, доаѓа од Гошк Габела, каде што во втората по ранг лига на БиХ од 19 меча постигна 13 голови. Доаѓа како слободен агент откако истече неговиот договор. Досега покрај во Гошк, има настапувано и во Борац Бања Лука, Радник Бијелина, Звијезда Градачац, Слобода Тузла.
27-годишниот Шеро, пак, игра на позицијата десно крило, и доаѓа од Челик Зеница, каде минатата сезона во 24 меча, постигна осум голови. И овој фудбалер играл за Гошк претходно, но и за тиовите на Слобода Тузла, Травник, Босна Високо, а има и настапи во албанскиот шампионат, во тимот на Билис Балш.
Тие двајца ќе бидат засилување за кратовскиот тим во настапите во Лигата на Конференции ова лето, како и во мечевите од Првата лига идната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
