Силекс против косовска Дрита во 2.квалификациско коло од Лига Европа

Силекс ќе игра против косовска Дрита во второто квалификациско коло од Лигата на Европа, одлучи денешната ждрепка во Нион. Кратовци ќе бидат домаќини на Дрита во оваа рунда натпревари од второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Натпреварите од 2. квалификациско коло за Лигата на Европа се играат на 17. септември. Согласно одлуката на УЕФА, како што е познато, и во оваа рунда елиминација ќе се игра само по еден натпревар.

Се вчитува...