Македонскиот прволигаш Силекс ремизираше (1-1) против српскиот клуб Црвена Звезда на зимските подготовки во Анталија. Тимот на Жикица Тасевски беше рамноправен противник и успеа да оствари добар резултат против „црвено-белите“ од Белград.
Црвена Звезда поведе многу рано, уште во третата минута, со автоголот на Филиповиќ. Тој по корнерот на Милијаш несмасно реагираше и со удар со глава си ја затресе сопствената мрежа.
Силекс израмни во 51.минута. По центаршутот од десната страна, Благојевиќ скокна највисоко во протиничкиот шеснаесетник и со удар со глава погоди на вистинското место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА