Македонскиот прволигаш Силекс продолжување со одигрување на пријателски натпревари на подготовките во Маврово. Кратовскиот тим ремизираше (1-1) против второлигашот Гостивар.
Силекс поведе со голот на Драшковиќ во 50.минута од натпреварот, додека гостиварци стигнаа до израмнување во последните моменти од мечот. И двете екипи прикажаа допадлива игра и полека ја темпираат формата за стартот на новата сезона во македонскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА