Силекс се засили и со Стефан Коцев

Кратовски Силекс го запиша и четвртото свое засилување за следната сезона, во името на поранешниот фудбалер на штипска Брегалница, Стефан Коцев.

Кратовци и дефинитивно се договорија за ангажман на 24-годишниот Коцев кој доаѓа од редовите на косовскиот прволигаш Лирија Призрен каде настапуваше изминатава сезона.

„Задоволен сум од договорената соработка со еден од најтрофејните македонски клубови. Верувам дека ќе помогнам на тимот да ги реализира зацртаните амбиции во новата сезона“ – ни изјави Коцев.

Десниот бек е четвртото ново име досега ангажирано од Силекс, откако претходно беа постигнати договори со Филип Миленковски, францускиот интернационалец Мбела и српскиот голман Спасоје Стефановиќ.

Се вчитува...