Силекс со ангажман и на младинскиот голман на Вардар, Христијан Петковски

Кратовски Силекс за новата сезона во своите редови го врати и голманот кој потекнува од младинската школа на клубот, Христијан Петковски.

19-годишниот Петковски изминатава сезона настапуваше за младинскиот тим на Вардар, од каде сега повторно се враќа во матичниот клуб. Изминативе години Петковски во црвено-црниот дрес работеше под окото на Слободан Мутибариќ и Саша Илиќ.

Се работи и за младински репрезентативец на Македонија, кој има настапи и за селекциите до 16 и до 18 години, а во својата кариера беше дел и од првиот тим на второлигашот Еуромилк ГЛ.

Се вчитува...