Силекс со деcет нови фудбалери се подготвува за Конференциската лига

Силекс со девет нови засилувања ги стартуваше подготовките за настапот во новата УЕФА Конференциска лига ова лето.

Дарко Алексовски, Мартин Димоски и Бојан Рајков од Кит Го, Саше Дуков од Каменица Саса, Роберт Митев од Охрид, Ѓорѓу Танушев, Бурхан Алији, Лазар Пеев од Тетекс како и Антонио Митрев од Брегалница и Стојан Стојчевски од Македонија ЃП се новите имиња во составот на Горазд Михаилов за европското лето.

Од клубот заминаа странците кои изминатава сезона беа во тимот, но од стандардните досегашни првотимци останаа голманот Даниел Божиновски, Додевски, Јордан Серафимовски, Манасиевски…

По стартните подготовки во Кратово, од 23. јуни (среда) тимот оди на седумдневни подготовки во Охрид каде се планирани и тестовите со албанските клубови Теута и Љачи.

На 8. јули во првото квалификациско коло од Конференциската лига Силекс ќе игра на стадионот на ФФМ против молдавскиот Петрокуб. Реваншот е на 15. јули во Молдавија.

Се вчитува...