Силекс со девет нови имиња ги стартуваше подготовките за новата сезона

И кратовски Силекс денеска, под палката на Жикица Тасевски, ги стартуваше подготовките за новата сезона.

Првиот собир Силекс го означи и со девет нови имиња во состав кој ќе претрпи сериозни измени во однос на минатата сезона кога кратовци останаа само на чекор од европски излез.

Србите Стефан Милосављевиќ, Срѓан Драшковиќ и Спасоје Стефановиќ, францускиот интернационалец Емануел Мбела (Шкупи) како и Христијан Гроздановски (Гостивар), Филип Миленковски (Пелистер), Стефан Коцев (Лирија Призрен), Петар Љамчевски (Пелистер) и офанзивецот Дарио Десниќ (Скопје) се досегашните засилувања на кои ќе смета Тасевски за престојната натпреварувачка сезона.

Од клубот заминаа Филип Глигоров (Дунареи, Романија), Стојан Стојчевски (Академија Пандев), Ангелчо Тимовски (Ботев Враца), Антонио Бујчевски, како и голманите Милан Митровиќ и Горан Трајковски.

Се вчитува...