Силекс со триумф над Влазними ги заокружи подготовките во Охрид

Македонскиот прволигаш Силекс го совлада Влазними со 2-0 на последниот пријателски натпревар на подготовките во Охрид. По ова, составот на Силекс се враќа во Кратово каде ќе ги изврши последните подготовки пред стартот на пролетниот дел од шампионатот во Првата лига.

Дарко Додев го доведе Силекс во водство на овој натпревар, а вториот погодок беше дело на Петар Икиќ.

Се вчитува...