Силекс со убедлив триумф против косовски Балкани

Силекс триумфираше убедливо со 4-0 против екипата на косовски Балкани на пријателскиот натпревар кој се одигра на стадионот „Железарница“ во Скопје.

Стрелци на головите за кратовци беа Илија Донов, Марко Николовски, како и Никола Богдановски и Есмир Хасукиќ кои ги запишаа своите деби голови во „сино-црвениот“ дрес.

За седум дена следува првиот двомеч од квалификациите за УЕФА Конференциската лига. Силекс ќе гостува против белорускиот Динамо Минск, на дуелот кој ќе се одигра во Бугарија, поради забраната за Белорусите да играат на домашен терен.

Се вчитува...