Силекс со убедлива победа против Корча на првиот тест зимава

Кратовски Силекс со убедлива победа против албанскиот третолигаш Корча ги почна контролните дуели за време на зимските подготовки.

На натпреварот кој се одигра на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, Силекс триумфираше со 4-0 против албанскиот состав.

Стрелци за триумфот на Силекс беа Дарко Додев, Стефан Коцев, Дејан Благојевиќ и Боби Георгиев.

Следниот пријателски натпревар на кратовци е на 6. февруари против лидерот во Втората лига – Запад, Струга Трим Лум.

Се вчитува...