Фудбалерите на Силекс во четвртиот обид ја забележаа првата победа на подготовките во Анталија, триумфирајќи во пресметката со Нефчи од Азербејџан со убедливи 3-0.
За разлика од претходните три натпревари на кои имаа проблем со реализацијата на шансите, овојпат фудбалерите на кратовскиот прволигаш одиграа беспрекорно во нападот и заслужено се радуваа на победата. Мечот беше решен пред крајот на првото полувреме, откако најпрвин Глигоров биеше прецизно за водство од 1-0 во 34. минута, за сам пет минути подоцна Благојевиќ да зголеми на 2-0. Конечните 3-0 во 80. минута ги постави Кристијан Филиповски.
Само за потсетување, Силекс во претходните три натпревари претрпе два порази од руските второлигаши Оренбург (0-3) и Луч Енергија (1-2) и ремизираше со полскиот прволигаш Арка (1-1).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА