Силекс во Баку по остварување на европскиот сон: „Да уживаме во секој момент…“

Силекс вечерва од 18 часот во Баку против азербејџанскиот шампион Карабах ја стартува својата европска одисеја во квалификациите за Лигата на шампионите.

За кратовци е сосема јасно дека Карабах ја нови фаворитската улога, но никој во составот на Горан Симов не размислува за предвремено предавање. Напротив, огромна е желбата за позитивен резултат и на вистински начин да се одживее првиот европски сон ова лето.

„Ова е големо искуство за младиот тим на Силекс. Пред некое време мислевме на опстанок во македонскиот шампионат, а сег добивме шанса да играме во квалификациите за ЛШ. И сакаме да ги почувствуваме емоциите што ги носи ова големо европско натпреварување. Ние имаме млад тим, Карабах е голем фаворит, но нема лесно да се предадеме. Противникот има фудбалери кои се репрезентативци во своите држави, а ние дојдовме да го оствариме нашиот сон. Ние сме дел од Лигата на шампионите. Не би го прогнозирал резултатот, може да биде 0-0, 0-5 или 0-7, ќе им кажам на момците да уживаат во секој момент“ – изјави Симов на вчерашната прес-конференција во Баку пред денешниот натпревар.

Поради пандемијата на коронавирусот, низ секое коло во квалификациите од европските клупски натпреварувања ова лето ќе се игра по само еден натпревар.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛШ – 1. КОЛО

Карабах (Азе) – СИЛЕКС (МКД)

Легија (Пол) – Линфилд (С.Ирс)

Динамо Брест (Блр) – Астана (Кзх)

Селтик (Шко) – Рејкјавик (Исл)

Ц. Звезда (Срб) – Европа ФЦ (Гиб)

Се вчитува...