WTT Youth Star Contender пинг понг натпревар од светски ранг ќе се одржи од 4-ти до 8-ми септември во Скопје, с.ц. Јане Сандански.
Пинг понгарската федерација на Македонија повторно го организира овој престижен натпревар на кој се очекуваат најдобро рангираните светски играчи во категориите до 15 и 19 години. На натпреварoт ќе има учесници и од Македонија.
На 4-ти и 5-ти септември ќе се одржат натпреварите во машка конкуренцијата. Третиот ден, 6-ти септември, е резервиран за мешани двојки, а на последните два дена ќе ги проследиме девојките.
Минатата година Скопје беше домаќин на еден ваков турнир, додека Федерацијата во јануари годинава одржа Европско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА