Силен револт на Академија Пандев: „Дали милионските вложувања на нашиот сопственик се правилна одлука?“

Од Академија Пандев се револтирани на денешното делење на правдата од страна на судијата Стојанче Трпчевски на натпреварот против Ренова во Струмица.

„Пандевци“ загубија со 0-1 од „гипсарите“, но во својата реакција нагласуваат дека голема улога во сето тоа има и главниот судија.

„Пораз од 0-1 против екипата на Ренова. Против еден противник можеби и ќе се боревме, но не бевме моќни и против судијата Стојанче Трпчевски кој денеска беше дојден/пратен во Струмица со цел да и наштети на Академија Пандев. Не бараме алиби за слабите резултати оваа сезона, но се доведуваме во ситуација да размислиме дали милионските вложувања на нашиот сопственик во македонскиот фудбал се правилна одлука. За македонскиот фудбал да оди напред, мора работите да се менуваат од корен…“ – се вели во реакцијата на Академија Пандев.

Се вчитува...