Европскиот првак ПСЖ имаше силен старт на светското клупско првенство, откако со убедливи 4-0 го совлада составот на Атлетико Мадрид во 1. коло на ова натпреварување.
Тимот кој пред неколку денови ја освои Лигата на шампионите, го демонстрираше уште еднаш својот квалитет со убедлив триумф.
Фабијан Руиз во 19. минута донесе предност за ПСЖ, која беше зголемена преку Витиња во првата минута од судиското надополнување. Мајули во 87. минута зголеми на 3-0, додела конечните 4-0 ги постави Ли Канг-Ин од белата точка.
Со овие два тима во групата заедно се уште и Ботафого и Сиетл Сандерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА