Силјан Мицевски го спасил МЗТ: Платив 70.000 евра за клубот да не пропадне!

Битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски бил спасител на МЗТ Скопје, откако со „инвестиција“ од 70.000 евра пред неколку години помогнал актуелниот шампион на Македонија да не биде избришан од лигата.

Ова го обелодени самиот Мицевски, како дел од сведочењето за предметот „Талир“ во Основниот кривичен суд Скопје. Во сведочењето тој опишувал како ја финансирал тогашната владеачка партија ВМРО ДПМНЕ, при што меѓу другото добивал и наредби за вакви „донации“ во спортот.

„Сме дале и на кошаркарскиот клуб МЗТ околу 70.000 евра. Требаше да платат некоја котизација за да не ги избришат од лигата и јас платив. Плативме не по наша иницијатива, туку по барање на одредени луѓе од партијата”, истакнал Мицевски во своето сведочење пред судот.

Се вчитува...