Силјановски се врати во Работнички

Работнички го добива осмото засилување оваа зима. Во клубот од Дебар Маало се враќа Горан Силјановски, десниот бек кој во изминатите две сезони настапуваше за албанскиот Фљамуртари. Тој од денеска се приклучи на тимот на Работнички во Анталија, а само формалности го делат од потпис на договор и промоција.

Силјановски од 2013 до 2017 година го носеше дресот на Работнички и беше важен дел од тимот кој освои неколку трофеи на домашна сцена, а имаше одлични настапи и на меѓународен план. Со него “романтичарите” добиваат одлично решение за десната бековска позиција.

Се вчитува...