Силјановски, Усеини и Положани потпишаа нови договори со Фљамуртари

И покрај најавите за негово можно враќање во Македонија, во Вардар или во Шкупи кои беа загреани за негов ангажман, левокрилниот дефанзивец Горан Силјановски и следната сезона останува во албанскиот прволигаш Фљамуртари.

Силјановски, по бројните преговори со Вардар и со Шкупи, на крајот се одлучи за потпишување нов договор со Фљамуртари со важност од една година.

Соработката со Фљамуртари ја продолжија и останатите двајца македонски интернационалци на кои ова лето им завршија договорите, Мухамед Усеини и Артим Положани. И двајцата поранешни фудбалери на Шкендија се договорија, исто така, за уште една година соработка со тимот од Валона.

Се вчитува...