Силна Олимпија ќе гостува во Скопје – Алибеговиќ е „змајчек“

Олимпија Љубљана се подготвува за амбиционза сезона во која покрај успехот во домашното и регионалното првенство ќе настапува со високи амбиции во Еврокупот. За тоа тренерот Јурица Големац веќе започна со составување на ростерот, а по продолжување на соработката со Едо Муриќ и Ален Омиќ нов „змајчек“ е Амар Алибеговиќ.

Босанскиот центар во главниот град на Словенија доаѓа од редовите на Виртус Болоња со која го освои Еврокупот и италијанското првенствo бележејќи просек од 5.3 поени и 2.4 скока, односно 7.5 поени и 3.5 скока, но во „зелените“ бои се очекува да има далеку позначајна улога.

Олимпија Љубљана е еден од противниците на МЗТ Скопје за следната сезона во АБА првенството, а со оглед на амбициите на Словенците, аеродромскиот состав ќе има тешка задача да дојде до позитивен биланс во меѓусебните натпревари. На вкупно 12 одигани средби „сино-белите“ забележаа пет победи, наспроти седумтте на Олимпија.

Се вчитува...