Силвер: Нема да ги принудуваме играчите да се вакцинираат пред Олстар-мечот

Во пресрет на годинашниот Олстар-натпревар во Атланта, комесарот на НБА, Адам Силвер, зборуваше за вакцинирање на играчите против коронавирусот. Тој вели дека повеќето кошаркари од најсилната лига на светот ќе бидат вакцинирани доброволно во блиска иднина.

Силвер од друга страна вели дека НБА нема да принуди никого да прими вакцина против Ковид-19.

„Веќе можеме да видиме дека расте бројот на лица кои се вакцинираат, а исто така и бројот на луѓе кои сакаат да ја примат вакцината. Мислам, што се однесува до оние кои се двоумеа, тие го видоа влијанието на краток рок и слушнаа колку се неверојатно ефикасни вакцините“, рече комесарот Адам Силвер пред Ол-стар натпреварот во Атланта.

Мислам дека кошаркарите се свесни за оваа светска пандемија, па затоа и верувам дека доброволно ќе изразат волја за да се вакцинираат.

„Моето чувство е дека повеќето играчи ќе бидат вакцинирани. Тие треба да донесат лична одлука и јас го сфаќам тоа многу сериозно, но чувството ми кажува дека повеќето играчи ќе бидат вакцинирани доброволно. Освен што имаат лична корист од вакцинирањето, исто така ако се вакцинирани, играчите не мора да бидат во карантин поради близок контакт со заразено лице. Многу играчи мораа да пропуштаат натпревари, иако не беа позитивни”, заклучи Силвер.

Се вчитува...