Силвер потврди: Од следната сезона и дефинитивно ќе има НБА куп

Најсилната кошаркарска лига во светот НБА од следната сезона и дефинитвно ќе има свое куп натпреварување на средината од регуларниот дел од сезоната.

Не е ново што челниците на НБА лигата од година во година се трудат да внесат дополнителен шарм на натпреварувањето кое го водат, а за таа цел веќе смислија нешто што досега не е видено во рамката на најсилната кошаркарска лига во светот – Куп натпреварување.

НБА веќе од следната сезона ќе треба да има Куп потврди комесарот на натпреварувањето Адам Силвер.

„Тимовите не би се бореле само за тој нов трофеј, бидејќи би се играл во екот на сезоната и секоја победа би се броела како досега. Најдобрите четири екипи би играле за трофејот на неутрална локација која се уште не е одредена. Трофејот што ќе го добие победникот е различен од оној што му е доделен на шампионот на целата лига“, изјави Силвер. 

Се вчитува...