„Силверстоун“ е подготвен за уште една трка во 2021 година

Трката за Големата награда на Велика Британија на патеката „Силверстоун“ ќе се одржи следниот викенд со најавено присуство на 140 илјади навивачи.

Тоа ќе биде далеку најпосетуваниот спортски настан на Островот од почетокот на пандемијата на коронавирусот. Организаторите се одлучија на овој чекор, иако во последно време повторо расте бројот на позитивни случаи со новиот вид на делта.

Организацијата во „Силверстоун“ посочува дека тие се подготвени да и помогнат на Формула 1, доколку се случи на друга патека предвидена во календарот да не може да се одржи поради пандемијата. За потсетување, трката во Австралија неодамна беше откажаа.

„Доколку е потребно да се вози уште една трка во Силверстоун во текот на оваа сезона, ние со задоволство ќе ја прифатиме. Морам да кажам дека Формула 1 заврши неверојатна работа и во 2020 година, кога 17 трки беа одржани во исклучително тешки услови. Верувам дека календарот ќе биде готов и сега. Повторувам, ништо не не прашаа, но ако има потреба, тука сме да помогнеме“, рече Стјуарт Прингл, директор на ‘Силверстоун’.

Се вчитува...