Силвињо доби албанско државјанство

Селекторот на албанската фудбалска репрезентацијата Силвињо доби албанско државјанство, во знак на благодарност од таа земја за пласманот на Европското првенство со националниот тим.

Покрај Силвињо, албанско државјанство добија и неговите помошници Италијанците Лука Лауренти и Џанлука Стесина и Аргентинецот Пабло Забалета. Церемонијата за добивање државјанство се одржа во Лушње, град на 80 километри од главниот град Тирана.

Албанија на Европското првенство ќе игра во групата Б заедно со Италија, Хрватска и Шпанија. Договорот на Силвињо со Албанија истекува на крајот на Европското првенство, но федерацијата изрази желба да ја продолжи соработката со бразилскиот стратег.

Се вчитува...