Симеоне: Алварез се враќа, се што сакаме е тој да биде среќен

Хулијан Алварез ќе се врати во составот на Атлетико Мадрид, беше потврдено денеска од Диего Симеоне кој ќе смета на услугите на аргентинскиот голгетер за утрешниот дуел со Атлетик Билбао.

Зад Аргентинецот е тешко лето во кое тој стори се за да издејствува трансфер во Барселона, откако желбата не му беше исполнета тој самиот одби трансфер во Арсенал, по што на крајот сепак мораше да остане на „Ванда Метрополитано“.

„Алварез тренираше со тимот, тренираше навистина добро и дефинитивно ќе патува со тимот во Билбао. Го очекуваме најдоброто од него, како и од сите други фудбалери. Лесно е да осудувате некого кога се мачи, тогаш треба да им се даде поддршка… Не сакам да се навраќаме, гледаме само напред кон иднината, пред нас е возбудлива кариера. Хулијан мора да расчисти некои работи со самиот себе и да биде среќен овде, тоа е она што сите ние го посакуваме за него, да биде задоволен во Атлетико и да даде многу голови за нашиот тим“, изјави Симеоне.

Се вчитува...