Диего Симеоне може да здивне, капитенот Диего Годин ги надмина проблемите со повредата и ќе може да му помогне на Атлетико Мадрид на утрешниот реванш од осминафиналето во Лигата на шампионите против Јувентус. Уругвајскиот дефанзивец поради повреда го пропушти последниот меч од „Ла Лига“ против Леганес, но во меѓувреме ги надмина проблемите со мускулот и доби зелено светло да патува со тимот во Торино.
Атлетико Мадрид ќе биде ослабен со неиграњето на четири фудбалери, Диего Коста и Томас не се во тимот поради суспензија, додека дефанзивците Лукас и Филипе Луис ќе го пропуштат реваншот поради суспензии, по жолтите картони заработени на првата средба.
Шпанскиот клуб има предност од 2-0 по првиот натпревар, во пресрет на реваншот што утре вечер ќе се игра во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА