Симеоне го сака Елмас за наследник на Саул Нигез

Атлетико Мадрид е најновиот клуб што покажува сериозен интерес за да го доведе Елиф Елмас во своите редови, објавуваат турските весници во своите денешни изданија. Секој нов ден носи и нов заинтересиран клуб за асот на Фенербахче, па според последните информации сега Диего Симеоне е решен да се обиде да излезе како победник од трката по Македонецот.

Аргентинскиот стратег планира да заработи над 100 милиони евра од продажбата на Саул Нигез, за кого се интересираат Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Баерн Минхен. Симеоне е свесен дека со мал дел од овие пари може да го доведе Елмас, кој според него би можел да биде адекватна замена за шпанскиот репрезентативец. Најавите велат дека во следните неколку дена ќе биде испратена и официјална понуда од Атлетико во висина од 20 милиони евра, но одговорот на Фенербахче ќе биде ист како и за сите останати – конечната одлука ќе се донесе дури по завршувањето на сезонава.

Интер, Лацио и Фиорентина се обидуваат да го преселат „македонскиот дијамант“ на Апенинскиот полуостров, Тотенхем и Лестер се најзаинтересирани во Премиер-лигата, а Атлетико Мадрид е првиот шпански клуб кој покажува конкретен интерес за да го доведе Елмас во своите редови.

Се вчитува...