Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид е заинтересиран да го доведе францускиот репрезентативец Оливие Жиру од Челси. Тренерот Диего Симеоне увиде дека тој одлично функционира во тандем со Антоан Гризман во репрезентацијата на „триколорите“ на Светското првенство, и сака да ги спои и во дресот на Атлетико Мадрид. Но, засега обидот на „јорганџиите“ ќе биде сведен на тоа Жиру да пристигне како позајмен играч од редовите на Челси.
Новиот менаџер на лондонските „сини“, Маурицио Сари, има намера да го доведе Гонзало Игуаин на „Стемфорд бриџ“, а тоа ќе значи и уште помала минутажа за Жиру, кој ионака беше втора опција зад Алваро Мората, откако од Арсенал пристигна во Челси. Токму затоа Симеоне ќе му понуди на Оливие Жиру да пристигне на едногодишна позајмица на „Ванда Метрополитано“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА