Симеоне и Атлетико со конечна одлука, Гризман останува во Мадрид

Антоан Гризман ќе остане во Атлетико Мадрид и по крајот на сезоната, а актуелниот шпански првак ќе го откупи неговиот договор од Барселона.

Ова е одлуката на тренерот Диего Симеоне кој решил дека Французинот е важен дел од неговиот тим и поради тоа Атлетико ќе го задржи и наредните сезони.

Клубот ќе треба да издвои 40 милиони евра, активирајќи ја клаузулата од договорот со Барселона поврзана со откупувањето на договорот.

Таа се однесува на одигрување на барем 50 проценти од натпреварите на кои бил достапен, а во моментов тој однос е веќе 66 проценти.

Гризман замина во Барселона токму од Атлетико, а Каталонците платија дури 120 милиони евра.

Се вчитува...