Атлетико Мадрид им се врати на победите во шпанското првенство откако во последниот натпревар од 10. коло славеше на гостински терен кај Бетис со резултат 0-2.
Симеоне уште во 3. минута донесе предност за Атлетико Мадрид, а истата ја дуплираше Баена со гол во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме.
Со новите три бода Атлетико Мадрид се врати на четвртата позиција на табелата со 19 бодови, осум бодови негатива зад водечкиот Реал Мадрид, додека пак Бетис останува на шесттата позиција на табелата со 16 освоени бодови.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

