Симеоне Инзаги по една сезона го напушта Ал Хилал

Италијанскиот стратег Симоне Инзаги ќе ја напушти тренерската функција во Ал-Хилал веднаш по завршувањето на последниот натпревар од оваа сезона во шампионатот на Саудиска Арабија, пренесува „Тутомеркатовеб“.

Според медиумите, заминувањето на 50-годишниот стручњак е веќе практично потврдено. Главните причини за разделбата лежат во јавните критики насочени кон неколку скапи летни засилувања кои не ги оправдаа очекувањата на теренот, како и во најавените промени во сопственичката структура на саудискиот гигант.

Инзаги пристигна во Ријад со големи амбиции, но несогласувањата околу трансфер-политиката и кадровските решенија го забрзаа неговото заминување од клупата по само една сезона.

 

Се вчитува...