Симеоне: Нека ми простат од Реал Мадрид, но тие „шпалир“ од нас нема да добијат

Атлетико Мадрид утре вечер ќе го пречека градскиот ривал Реал во дерби натпреварот од 35. коло во шпанската Ла лига. „Кралевите“ минатиот викенд ја осигураа рекордната 35. титула во примера, па традиција е на следниот натпревар да бидат поздравена со „шпалир“ од своите противници.

Сепак, Диего Симеоне во негов стил кажа дека тоа нема да се случи на „Ванда Метрополитано“ …

„Нека ми простат од Реал Мадрид, но „шпалир“ од нас нема да добијат. Честитки до нив за титулата, но ние на „Ванда Метрополитано“ „шпалир“ нема да правиме“, изјави Симеоне. 

Се вчитува...