Симеоне никогаш во кариерата не доживеал ваква бламажа како онаа синоќа

Диего Симеоне е на клупата на Атлетико Мадрид веќе 14 години, а вчера доживеа нешто кое никогаш не го доживеал во својата тренерска кариера.

Арсенал славеше против неговиот тим со 4-0, со четири гола во 13. минути, односно од 57-мата до 70-тата минута.

Со тоа на Симеоне никогаш не му се случило да прими толку многу голови во толку малку време во својата долга кариера. Синоќа беше една од најголемите бламажи на аргентинскиот тренер. На прсти можат да се избројат и мечевите кога неговиот тим прима четири гола од било која екипа, а не за толку краток рок како што беше синоќа на „Емирати“.

Се вчитува...